Thursday, April 28, 2011

ПАДНАТИОТ АНГЕЛ - СПОМЕНИК ЗА ПАДНАТИТЕ БРАНИТЕЛИ ОД БИТОЛА

         Денеска и свечено беше промовиран и пуштен во употреба новиот спомени на Бранителите од страна на Општинските власти со сечење на лента и полагање на букети со цвеќиња. Споменикот е изграден среде градскиот парк кај саат кулата и е оштетена огромна површина на зеленило. 
         Но најтрагичното од сето тоа што се слуши пред 10 години кога беа испратени за пари да војуваат против своите сограѓани и убиени, затоа што секој има право на заштита на својот дом и семејство, тие сега ги споредуваат со паднматиот ангел, а спрема Божјите книги, било тоа да е Стариот Завет од Библијата, Тората или Коранот, паднатиот ангел е противникот на Бога, односно тоа е ангелот кој сакал да стане како Бог, и бил исфрлен од небесното царство од страна на Небесниот Татко, а беше наречен Луцифер, или познат кај народот Сотона или Ѓаволот.
         Не е јасно ова работа како можеше да им се случи на Властите да ги споредуваат тие паднати невини загинати луѓе со ваков лик на паднат ангел, и дали овие луѓе консултирале некого или пак дали воопшто ја читаат Библијата за да знаат, а себеси си се нарекуваат „верници христијани„. Тоа што се случи денеска да мѕ се даде слава на една контраверзна Библиска личност е проклетство и замајување на јавноста со вистината што тлеела 10 години за овој настан, сакајки да ги оцрнат тие луѓе и нивните семејства со најлошото што постои во сите векови. 

No comments:

Post a Comment