Monday, January 23, 2012

В Е Г Е Т А Р Ј А Н С К А П О Л И Т И Ч К А П А Р О Д И Ј А

Ќорсокакот во кој е влезен тесниот Балкан е статус кво состојба од која ете ешко се излегува од 90-тите навака.
Кога се распадна т.н. стар политички систем, односно старото социалистичко уредување на Балканот, сите се растрчаа и помислија дека ќе бидат ослободени од некакво си „ропство„ које беше само измислено за да настане потоа тоа што стана.
Некои од државичките си направија мал есап со многу човечки судбини и жртви, а некои од нив се заглавија во калта и сега незнаат како да излезат од неја.
Југославија како заедница на држави беше створена како вештачки конгломерат на народи кои не постоеја до 1945 година и немаа никогаш порано ни држави за сметка на некој други народи кои изгубија и територија и народ и тоа со помош на Големите Сили.
Активното Буре Барут тлееше полни 50 години за да на крајот експлодира и да чаури и ден денеска, без да размислат некој од Европските Големи Сили дека тоа ке биде погубно и за нивните економиии. Следуваше рецесија која трае и која ке трае се додека не се реши Балканскиот Хорор, а тој тешко се решава и нема крај.
Дали европјаните свесно го држат Балканот во ваква ситуација тоа е веке друго прашање, но дека имаат аспирации да отпочнуваат нови походи тоа е јасно како полна месечина.


Што им фали на Балканските народи што сеуште не сватиле дека бронзената порта на успехот не е во крвопролевањето?!!!


На Балканот одсекогаш тлее некаков жар меѓу народите кои за разлика на другите се минорни по бројка, затоа пак се лесни за освојување како што беше примерот со пет ипол вековното ропство од страна на Османлиите, па пред тоа ов Византинците и Римјаните, па покасно и од некој други.
Овие народи или не ја сватиле приказната за создавањето на Човекот, или не го познаваат Создателот, или не се свесни за тоа кои се и колку се на број.







Дилемата дека ке се реши некогаш нешто во Балканот е илузорна и необјаслива феноменална работа и ке тера вака се додека ке постои овој Свет ваков каков што е.
Но овие народи индивидуално страдаат одвнатре. Немаат совршени ситеми на управување, се млитави и криминогено настроени, не се свесни за државотворност, немаат традиција за државност, не се флексибилни за следење на светските трендови и се управуваат од самосвесност а не од законитост и уставност.
Во иднина ке се случуваат многу промени во геополитичката и стратешката слика на Балканот од кои не ке бидат свесни и самите тие колку брзо ке се движат некој работи, и ке биде продолжеток на распадот на едни и вградување на други врз трети и ке се одрази на севкупната ситуација во светот. 

No comments:

Post a Comment